Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговата посета на Киев.
Камерон вети континуирана воена поддршка и промена на фокусот на Украина додека продолжува конфликтот на Блискиот Исток, пишува Гардијан.
Во видеото што го објави украинскиот претседател на социјалната мрежа Х (Твитер), Камерон рече:
„Она што сакам да го кажам со тоа што сум овде е дека ќе продолжиме да ви даваме морална, дипломатска, економска поддршка, но пред се воена поддршка што ви е потребна, не само оваа, и следната година, се додека ви е потребна“, рече Камерон.
Hosted @David_Cameron on his first visit to Ukraine as Foreign Secretary of the UK.
We had a good meeting focused on weapons for the frontline, strengthening air defense, and protecting our people and critical infrastructure.
I am grateful to the UK for its support!
🇺🇦🇬🇧 pic.twitter.com/zElLHsSaQT
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) November 16, 2023
Ова е прва работна посета на новиот министер за надворешни работи на Велика Британија.