710
Воз кој сообраќал на релација Скопје-Кочани синоќа во непосредна близина на Железничката станица Драчево е каменуван од страна на непознато лице.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во 16,50 часот од Железничка станица-Лисиче во правец кон Железничка станица-Драчево, на околу 30 метри пред рампата за населба Драчево, од страна на непознато лице каменуван е патничкиот воз кој сообраќа на релација Скопје – Кочани, при што е скршено едно стакло. Се посочува дека нема повредени патници.