Каменос: Поради прашањето за Македонија морам да го жртвувам моето место во Владата

by fokus

Грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос, и лидер „Независни Грци“, изјави денеска дека ја напушта Владата на Алексис Ципрас. Веднаш по средбата со грчкиот премиер, тој во изјава за медиумите рече дека одлуката за напуштање на Владата е поради непремостливи разлики околу прашањето за името Македонија.

-Се сретнав со премиерот, имавме долга дискусија, имаше соработка во траење од четири години во владата, две партии од различни области се обединија и успеаја да ги постигнат поставените цели. Сепак прашањето за Македонија, е прашање за кое илјадници беа убиени, и тоа не дозволува јас да не го жртвувам местото во Владата. Му се заблагодарив на премиерот за нашата соработка и му објаснив дека поради националното прашање оваа соработка не може да продолжи. АНЕЛ се повлекува од Владата – изјави денеска Каменос.

Поврзани новости