Каменос категоричен: Ние не прифаќаме решение со терминот Македонија

by fokus

Не прифаќаме решение што го содржи терминот Македонија и ако дојде време да се разделат нашите патишта, ќе се разделат, рече претседтелот на Независни Грци, министер за одбрана и коалиционен партнер во грчката влада, Панос Каменос, на седницата за законот за поништување на одредбите за кратење на пензиите.

Тој, говореше за Договорот од Преспа, за кој рече дека е мртов, ги спомена изјавите на македонскиот премиер, но и за соработката со СИРИЗА, јави дописничката на МИА од Атина.

-Договорот од Преспа е мртов. Мртов е бидејќи самиот господин Заев и покрај сите напори од грчка страна да се најде решение, со неговите континуирани изјави, го негира самиот договор. Освен ако нема направен друг договор, под маса, со Коѕијас. Тоа треба да го каже јавно. Но, ние не знаеме таков договор, рече коалицискиот партнер во грчката Влада, говорејќи од парламентот.

Поврзани новости