Каменос им се закани на пратениците дека ќе ги исклучи од партијата ако гласаат за доверба на Ципрас

by fokus

Лидерот на „Независни Грци“, Панос Каменос, откако соопшти дека ја напушта Владата на Алексис Ципрас, каде ја извршување функцијата министер за одбрана, денеска на прес конференција јасно стави до знаење дека пратениците во неговата парламентарна група нема да гласаат за доверба на владата.

– Гласањето за поддршката на владата ќе биде еднакво на поддршката на Договорот од Преспа – рече тој и упати закани до пратениците од неговата партија дека ќе бидат исклучени од партијата доколку гласаат за доверба во Владата на Ципрас.

Како што рече Каменос на прес конференцијата, терминот Македонија во името на соседната земја е единствената причина поради која ја напушта Владата.

Како што рече тој народот треба да бара договорот за името да биде ставен на референдум.

Грчките медиуми, пак, пишуваат дека Каменост нема контрола над пратеничката група на „Независни групи“ и дека владата на Ципрас веќе има обезбедено поддршка за да го добие гласањето доверба.

Поврзани новости