Камчеви се дно на дното, тој сакаше да ме купи, ама не може, се заебал, истакна Јанева

by Fokus

Второобвинетата во „Рекет“ Катица Јанева во денешните завршни зборови за пријавителот на случајот Јордан Камчев и сопругата Ана кажа дека ако би ги знаеле, не би им дозволиле да се приближат до судската зграда, а не па да сведочат, нарекувајќи ги дно на дното, пренесува СДК.

„Не сум виновна, грубо сум изманипулирана од една личност и од неговата сопруга, од Јордан и Ана Камчеви, кои ако би ги знаеле, не би им дозволиле да се приближат до судската зграда, а не па да сведочат. Тие се дно на дното. Дека Орце сакаше да соработува во други предмети и да се приближи, тоа го докажавме. Тој е прљав играч и сакаше да ме купи. Ама мене не може да ме купи. Се заебал!“, кажа Јанева.

Поврзани новости