Камчева: Јанева му се јавуваше на Орце во домашен притвор велејќи „Се ќе биде ОК“

by fokus

Адвокатката Ана Камчева, сопругата на бизнисменот Орце Камчев, во денешното сведочење за случајот „Рекет“ призна дека екс специјалната јавна обвинителка Катица Јанева никогаш лично не побарала пари. Исто така истакна и дека Јанева никогаш не била присутна кога се предавале парите.

Сепак, како што појасни, рекетот одел преку Бојан Јовановски. Таа и додаде дека Јанева се јавувала на нејзиниот сопруг Орце Камчев додека беше во домашен притвор за Империја и го убедувала “дека се ќе биде ОК”.

Единствено што Јанева побарала, ако што рече, било таа да не се појавува во просториите на СЈО како бранителка на сопругот.

В.В.

Поврзани новости