537
Бизнисменот Орце Камчев синоќа во живо го гледал европското првенство во Келн, Германија, иако неговиот пасош беше одземен како мерка на претпазливост, како осомничен во случајот „Империја“.
Од Основниот суд Скопје 1 појаснуваат дека по одлука на судија на претходна постапка, Камчев добил дозвола за времен пасош, а по претходно позитивно мислење на СЈО.
Камчев до неодамна беше во куќен притвор, а во март со одлука на Врховниот суд беше пуштен да се брани од слобода.