Камчев спроведен до суд да сведочи за „Меѓународен сојуз“

by Fokus

Во Кривичниот суд Скопје денеска продолжи судењето за предметот „Меѓународен сојуз“. Во судницата е и бизнисменот Јордан Камчев, кој е спроведен од Истражниот затвор во Шуто Оризари каде што издржува 30-дневен притвор. Тој на денешното рочиште треба да даде исказ во својство на сведок. Судијката Софче Ефремова на последното рочиште за овој предмет најави дека денеска покрај Камчев треба да сведочи и Агапи Дика.

Обвинети во овој случај се Бојан Јовановски, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, (таткото на прво обвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Поврзани новости