Камчев си ги бара парите, а Русковска вели дека не му следуваат, бил сведок, а не оштетен

by fokus

На самиот почеток на судењето за „Рекет“, адвокатот на бизнисменот Орце Камчев, кој во овој случај се јавува како сведок, истакна дека има оштетно побарување од 1,5 милиони евра, односно парите кои наводно ги дал на обвинетите.

-Пријавувам отштетно побарување од 1,5 милони евра, рече адвокатот Александар Михајловски.

Но, по неговото излагање реагираше обвинителката Вилма Русковска која потенцираше дека Камчев не може да биде обештетен.

-Во конкретниот случај, за овие кривични дела има сведоци,  но не и оштетени, рече Русковска.

Судијката Васка Николовска Масевска додаде дека Камчев отштетата може да ја бара во други постапки.

В.В.

 

Поврзани новости