680
Бизнисменот Орце Камчев до Кривичниот суд понудил 2 милиони евра во имот како гаранција за да добие нов времен пасош. Од Кривичниот суд за „Фокус“ ја потврдуваат информацијата и посочуваат дека предметот е пратен во обвинителство на мислење.
Пред неколку дена обвинителката Лиле Стефанова, во чиј раце повторно е истрагата за „Империја“, не се согласи осомничениот бизнисмен во да добие времен пасош, односно во наредниот период да ја напушти државата.
Камчев пасошот го бара за работни средби во странство, а претходната времена патна исправа ја доби со амин на екс специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
В.В.