Камчев нема да добие 1,5 милиони евра од Јанева и Боки 13

by fokus

Бојан Јовановски, Катица Јанева, ниту пак државата нема да му исплатат 1,5 милиони евра на бизнисменот Орце Камчев, кој бараше солидарно да му ги надоместат.

Оваа одлука ја донесе Основниот суд Скопје 2, односно судијата одлучи да го одбие тужбеното барање на Камчев, кој на суд си ги бараше парите кои наводно ги дал како рекет, поради што Јанева и Јовановски беа осудени на затворски казни.

-Тужбеното барање е одбиено во целост, бидејќи судот утврди дека тужителот немал својство на оштетен во кривичната постапка која се водеше претходно, туку имаше само својство на сведок, ни изјави Лазар Јанев, адвокат на Катица Јанева.

Судијата утврдил дека Камчев несовесно постапувал кога ги давал парите за рекет.

Поврзани новости