Денеска на граѓанското рочиште во кое бизнисменот Орце Камчев ги бара назад парите земени во случајот „Рекет“, ја повлече тужбата против третоосомничениот Зоран Милески-Кичеец.
Судијата Андреј Димовски на денешното рочиште констатираше дека Кичеец не е дел од тужените од кои се бара надоместок на над 92 милиони денари. Камчев оретходно бараше еден милион евра да му исплатат Бојан Јовановски-Боки 13, Катица Јанева и Милески-Кичеец како и државата.
На првото рочиште Камчев преку адвокат кажа дека нема да бара враќање на дел од милионот, пренесува „Макфакс“.
-Така од тужителот биле изнудувани на повеќе средби, прво да плати реклами во тогашната „1TВ“, да финансира изградба на шопинг молови, да финансира изградба на старечки домови. Кога тужителот ги одбил сите овие понуди, настапува второтужената Катица Јанева со јавно обзнанување на предметот и изрекување на мерка притвор. По сите притисоци се потврдува мерката за тоа кој ги диригира конците, кој ја контролира ситуацијата и на кој начин да ја прифати изнудата, рекол адвокатот Александар Михајловски, без при тоа да се спомене Кичеец.