Заменик народниот правобранител, Јован Андоновски спогодбата што ја направи обвинетиот бизнисмен со обвинителството и плати над 5 милиони евра и доби една година затвор, ја спореди со кривичното дело Inuria што постоело во римското кривично право. постоело дело наречено Inuria.
-Iniuria првично била во ограничен опсег. Законот на XII плочи предвидувал прилично примитивни глоби за различни типови физички напад. За осакатен екстремитет била дозволена освета ако странките не можеле да се договорат. За помалку сериозни напади, функционирал тарифен систем: 300 аса за скршена коска на слободен човек; 150 аса за роб; 25 за најмалите напади. Паричните казни со тек на време станувале безвредни заради опаѓањето на вредноста на парите. Со промените во општествотот се јавила потреба и од реформирање на легислативата, пишува Андоновски.
Оваа спогодба тој ја споредува со извесен Лукиј Веритај кој ги удирал луѓето од забава, а потоа неговите робови им плаќале на луѓето.
-Кон средината на Републиката извесен Лукиј Вератиј ја нагласил несоодветноста на законот со една нова форма на забава. Имено, тој ги удирал луѓето по лице, а неговиот роб веднаш на жртвата и давал 25 аса надоместок.
Вчера бевме сведоци на Inuria на македонските граѓани со објаснувањето на лицето В.Р. инаку одговорна за гонење за организиран криминал и корупција, со изјавата: „Што добива државата ако лицето О.К. е во затвор?“. Со други зборови, современиот Лукиј Вератиј во форма на забава, ќе ги удира луѓето по лице, а неговите робови веднаш на жртвата ќе и платат 25 аса надоместок или во случајов 5.25 милиони евра.
Почитувани граѓани, од денес, секој од вас во буџетот на државата доби по околу 3 евра. Аирлија трошење на парите.
Тешко на оние што немаат да платат…
#8%доверба #судство, напиша Андоновски.