Обвинетиот бизнисмен Орце Камчев денеска бил хоспитализиран во приватната клиника „Аџибадем Систина“, каде тој е член на одборот на директори на болницата, неговата семејна компанија „Орха“ е содружник.
Од истражниот затвор Скопје, каде Камчев е во притвор за случајот „Плацевите на Водно“, за Фокус потврдуваат дека бизнисменот денеска околу 13 часот бил спроведен од Шутка во болницата, од каде им јавиле дека треба да биде задржан.
Инаку, Камчев бил задржан за да му се направат испитувања, односно гастроскопија и уште две други анализи.
Бизнисменот неколкупати досега од притвор беше спроведуван во болница, но во Државната клиника.
Овојпат, на барање на одбраната, иако таа и претходно бараше, а судот не дозволуваше, бил спроведен во „Систина“.
Вчера, од притвор излезе поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, а деновиве, можеби уште утре, Апелација треба да одлучува и по жалбите на Камчев за притворот.
Ф.Ф.С.