Обвинетиот Бојан Јовановски, на бизнисменот Орце Камчев, му нудел да инвестира на локаци во Струга, Охрид за старечки домови, односно дека за ова инвестиција ќе добие 20 проценти субвенци од државата. Ова пред Кривичниот суд на судењето за „Меѓународен сојуз“ го сведочеше бизнисменот Камчев.
– Зоран Милевски и Бојан Јовановски дојдоа кај мене и на маса ми ги дадоа локациите. Ми кажа дека Карпош е блокирано, Битола е зафатено. Сето ова чинеше 4 милиони евра. Јовановски се фалеше со слики со премиерот пред мене. Дека 20% ќе бидат субвенционирани од Труд и социјала. Тоа е Бојан твојот неуспешен договор и откако те откачив, почна твојата приказна. Вака беше изманипулирана власта на која Бојан се повикуваше цело време. Ти понудив 150.000 евра од `Систина`, 150.000 евра преку `Орка`, тие се платени на твојата телевизија, Јасна Мандиќ може да потврди се. Сето тоа без субвенцијата и без државата укажуваше на загуба“, рече Камчев.
Во однос на улогата на обвинетата Јасна Мандиќ, сведокот Камчев, истакна дека таа била само пошта и дека истата не учествувале во разговорите меѓу него и обвинетиот Бојан Јовановски.
-За „Меѓународен сојуз“ знам само дека бил над англиската амбасада и се вртеа бизнисмени со торби. Бојан успеа да направи цел град мајмуни, заклучи Камчев.