1.1K
Бизнисменот Орце Камчев денеска од истражниот затвор „Скопје“ беше спроведен во Kривичниот суд каде што треба да сведочи за случајот „Меѓународен сојуз“. Но тој побара да не сведочи, бидејќи како што рече, не сака да му биде од корист на Обвинителството.
-Барам да бидам изземен бидејќи обвинителството и судот грубо го прекршија законот и ми одредија притвор, па мојот кредибилитет како сведок е нарушен и нема да му бидам од корист на обвинителството, рече Камчев во судот.
Обвинителката Ивана Трајчева пак реагираше дека тој е притворен за друг предмет, а тука е повикан да каже колку бил запознаен со проектите на „Меѓународен сојуз„.