Камбовски смета дека има обид за политички диктат во работата на Судскиот совет

by Fokus

Секој нов закон кој ќе овозможи Собранието да разрешува членови на Судски совет ќе донесе политичко влијание во ова тело, смета првиот човек на советот Александар Камбовски. Вакви  слични пракси со негативно искуство како што посочи, имало и во изминативе 3 децении. И ние сме дел од работната група за промена на законот, но сме изречито против законодавната власт да може да менува наши членови,

Во однос на судските реформи,  Камбовски најави дека заедно со Јавнообвинителскиот совет и Академијата на Судии и јавни обвинители ќе излезат со свои предлози за одредени законски измени. Целта е како што истакна да се ублажи кризата пред се со кадарот во обвинителствата и судството.

На доделување на уверенијата на кандидатите за судии и јавни обвинители директорката на Академијата Ирина Трајкоска Стрезоски, вели дека оваа година има најголем интерес, но за претходната генерација која заглави поради тендерот за електрoнски софтвер без коментар. Кусо изјави – дека конечна одлука треба да донесе урпавниот одбор

Поранешната директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер-Дамјановска, лани поднесе неотповиклива оставка по стопирањето на тестовите за 130 места за последната, најголема генерација на Академијата. Судивката посочи дека дека во контраверзната одлука на Управниот суд имало политичко влијание

Поврзани новости