Американскиот потпретседател и кандидат за претседател Камала Харис изјави дека не е подготвена да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за Украина без учество на Киев.
– Билатерална без Украина? Не – рече таа во интервју за „Си-Би-Ес њуз“, одговарајќи на прашање за подготвеноста за билатерална средба со Путин со цел да се реши конфликтот во Украина.
Харис најави и дека прашањето за можното членство на Украина во НАТО ќе се реши „ако и кога“ дојде време.
Американскиот потпретседател изјави и дека треба да се избегне конфликт со Кина и да се задржи отворен воениот канал на комуникација со Кина.
– Пред се, треба да ја победиме конкуренцијата за 21 век со Кина, треба да можеме да се натпреваруваме и да победиме. Не треба да се стремиме кон конфликт – истакна таа.
Во исто време, таа истакна дека САД треба да ги заштитат интересите на американскиот бизнис и да му помогнат на Тајван во неговата самоодбрана.
Зборувајќи за Иран, Харис рече дека оваа земја е главниот противник на САД од сите други земји.
Таа нагласи дека нејзин главен приоритет доколку победи на претседателските избори во САД на 5 ноември ќе биде спречување на Иран да се здобие со нуклеарно оружје.