Американскaта потпретседателка и кандидатка за претседателка, Камала Харис изрази цврсти критики кон Доналд Трамп, нарекувајќи го авторитарец кој не ги слуша потребите на обичните луѓе.
Овие коментари произлегуваат од нејзиниот разговор со гласачи во Пенсилванија, каде што се осврна на неодамнешното интервју на поранешниот началник на Генералштабот на Трамп, Џон Кели.
Харис доби поддршка од Кели, кој во интервјуто наведе дека Трамп има восхит кон диктаторите и дека неговото однесување е „сè повеќе нестабилно” и неподобно за претседателска функција. Кели, исто така, изрази загриженост дека Трамп не е лојален на воените лидери како што бил кон нацистичките генерали.
Восхитувањето на Трамп кон диктатори, вклучително и Хитлер, претставува „сериозен проблем“, рече Харис потенцирајќи ја важноста на претстојните избори кои ќе се одржат на 5 ноември, нагласувајќи притоа дека Американците заслужуваат претседател кој поддржува дебата и одговорност.
Досега, на изборите гласале 25 милиони луѓе, а кампањите продолжуваат да се интензивираат пред одлучувачкиот ден.