Поп ѕвездата Калиопи синоќа му беше домаќинка на популарниот актер Мима Караџиќ и на актерската екипа од Белград, која вечерва и утре вечер ќе ја игра претставата ,,Лет над кукавичјото гнездо” во МНТ.
За забавната атмосфера во скопски угостителски локал, во која уживале не само Калиопи и нејзините гости, туку и гостите од останатите маси, доволно зборува видеото кое пејачката го објави на социјалните мрежи.
Тамбурашка музика, богата трпеза и вино и расположени и распеани гости се она кое ја одбележало минатата ноќ. Во еден момент Караџиќ станува и рецитира, а пак потоа Калиопи во придружба на тамбурите пее.
Со видеото таа го најави гостувањето на Белградско драмско позориште во МНТ Скопје.
Претставите и двете вечери ќе бидат со почеток од 20 часот, во режија на Жанко Томиќ.
Вики Клинчарова