125
Популарната поп пејачка Калиопи најави два ексклузивни концерти во Македонија.
Првиот ќе се одржи во Битола, во Хераклеа на 20-ти јули, а пак вториот во Арена Борис Трајковски во Скопје на есен, односно на 19-ти октомври.
Од нејзиниот тим откриваат дека таа моментално го подготвува својот нов албум, кој на јавноста ќе и бил претставен до крајот на овој месец.
– На 20-ти јули и 19-ти октомври, Калиопи ќе го донесе својот куфер на љубовта во Хераклеа – Битола, како и во „Арена Борис Трајковски“, а вие треба да донесете само позитивна енергија и да уживате- велат од организацијата на концертите.
Картите за концертите се веќе пуштени во продажба.
Вики Клинчарова