Денес на пладне во угостителски локал во Скопје ќе се одржи промоција на новиот албум на поп дивата Калиопи.
Станува збор за музички проект кој бил создаден по повод нејзината 40-годишна соработка со Ромео Грил.
Калиопи (57) уште како дете започнала да учествува на детски музички фестивали, а својата сериозна музичка кариера ја започна со авторот Ромео Грил, кој е нејзин поранешен сопруг, во бендот ,,Калиопи”.
Во осумдесеттите години нивниот хит ,,Лео” ја освои југословенската музичка сцена, и од тогаш започна нивниот естраден успех.
Песната ,,Роѓени” пак, чиј автор е Ромео, стана една од најпопуларните балади во Југославија и еден вид на лична карта на Калиопи.
Иако пред повеќе години се разделија како брачен пар, тие двајцата ја продолжија соработката. Го имаат синот Пако кој не се експонира во јавност, а често знаат да изјават дека и по разводот останале најдобри пријатели и соработници.
Вики Клинчарова