Калин Ивановски не успеа да влезе во полуфиналето на Вимблдон

by Фокус

Македонскиот тенисер Калин Ивановски не се најде помеѓу четворицата најдобри тенисери на јуниорскиот дел од Грен слемот Вимблдон, откако попладнево загуби од Шпанецот Педро Роденас со 2:1.

Во меч што траеше два часа, Ивановски го доби првиот сет со 6:3, вториот го загуби на тај-брејк со 6:7 (5:7), а третиот со 4:6.

Роденас во полуфиналето ќе се сретне со Хрватот Мили Пољичак.

Младиот Ивановски вчера направи историски успех со тоа што влезе во четвртфиналето односно меѓу осумте најдобри на јуниорскиот Вимблдон.

Тој вчера беше во центарот на вниманието на тениската јавноста со необичниот меч-поен, кој го доби со ас и со тоа ја потврди победата за влезе во четвртфиналето против Мексиканецот Родриго Пачеко, кого го изненади со сервис пласиран меѓу своите нозе.

Поврзани новости