Мислам дека треба да се стави точка на дискусиите во кои во прашање се доведува легитимитетот на Владата што ќе ја предводи Димитар Ковачевски, бидејќи има целосен легитимитет произлезен од изборите во 2020 година, проширен и надграден со влезот на Алтернатива во неговиот кабинет, рече пратеничката од СДСМ Снежана Калеска Валчева на денешната седница на Собранието за избор на нова Влада.
-Факт е дека земјата одеше и оди во прогрес и оваа програма што ја презентира Ковачевски нуди оптимизам и ветува сериозна работа како на надворешен, така и на внатрешно – политички план. Многу е важно што Ковачевски рече дека сака вистински, искрен и отворен дијалог со опозицијата и сака заеднички сите да дадеме придонес за прогрес на земјата и за нејзина европска интеграција – нагласи Калеска Валчева.