Калас: ЕУ е подготвена да ја поддржува Украина, дури и без САД

by Fokus

Европската унија е подготвена да продолжи да обезбедува воена помош за Украина дури и доколку САД престанат, изјави денеска шефицата на европската дипломатија Каја Калас, цитирана од француските медиуми. Калас ова го изјави 11 дена пред новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да ја преземе функцијата.

Истовремено, таа изрази уверување дека Вашингтон ќе продолжи да ја поддржува Украина.

– Кој и да е на чело на САД, мислам дека не е во нивни интерес Русија да стане најмоќната сила во светот, изјави Калас пред состанокот на Контакт групата на партнерите на Киев во воената база Рамштајн во Германија.

За време на претседателствувањето на Џо Бајден, САД беа најголемиот поддржувач на Киев во борбата против руските сили кои ја нападнаа украинската територија.

Од февруари 2022 г досега Вашингтон и обезбеди на Украина повеќе од 65 милијарди долари воена помош.

Се стравува дека откако Трамп ќе ја преземе функцијата, помошта за Украина значително ќе се намали и дека Трамп ќе изврши притисок врз Киев да се согласи на отстапки на рускиот претседател Владимир Путин.

Поврзани новости