Каламатиев: Нов закон за работни односи требаше да се донесе „вчера“, бидејќи сегашниот не е согласно регулативите на ЕУ

by Fokus

Неопходна е детална и темелна ревизија на регулативата од областа на трудовото право во земјата и донесување на Закон за работни односи со кој ќе се пополнат досегашните правни празнини и контрадикторности, а кој ќе понуди современи решенија кои произлегуваат од  развојот на науката и праксата, беше темата на првата конференција на новоформираното Здружение за Трудово и социјално право.

-Најголем проблем е имплементацијата на законите во доменот на работните односи преку зајакнување на дијалог и колективно договарање, зголемување на капацитетите и надлежностите на трудовиот инспекторат како и забрзување на судските постапки за споровите од работен однос. Ова е одлична конференција на едно место да се слушнат ставовите и мислењата и на претставниците од Владата, организациите на работодавачите и на синдикатите за новото работно законодавствокое треба да биде усвоено во следниот период, изјави претседателот на Здружението за трудово и социјално право, проф.др. Тодор Каламатиев.

Според него законот за работни односи е многу пати менуван почнувајќи од 2005 година, но сепак има многу работи кои треба да се допрецизираат согласно регулативите на ЕУ, а оваа материја е динамична и подлежи на измени и доесга имало 20 такви, но неговиот впечаток е дека овој закон нема добра систематика.

-Нов закон за работни односи требаше да се донесе вчера, а не денеска, бидејќи постоечкиот има голем број одредби што не кореспондираат со она што значи примена на директивите на ЕУ и она што значи ратификувана Конвенција од страна на Собранието на РМ. Она што го забележувам е и тоа што постои лош  превод кој претставува одреда што треба да имплементира при примената на законот за работни односиЌе повторам дека некои законски одреби и решенија се добри, но затајуваме во примената, рече Каламатиев.

На конференцијата се презентираа и искуства од примената на повеќе други законски прописи, како што се: Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за административните службеници и Законот за социјалната заштита, а се разгледуваа и искуствата на земјите од регионот во областа на работното законодавството и нивното хармонизирање со правото на Европската Унија.

-Благодарение на поддршката што ја добиваме од Меѓународната организација на трудот, на оваа конференција ќе биде промовирана и дигиталната база на податоци – CEELex, која содржи информации за трудовите законодавства на земјите од Централна и Источна Европа. Оваа база претставува значаен ресурс на релевантни прописи и знаење кое станува достапно за домашните експерти, истражувачи и практичари на трудово право, но и за државната администрација, работодавачите и синдикатите. Тоа знаење треба да им помогне во формулирањето на релевантни ставови и мислења, како и во креирањето на политиките поврзани со значајни теми од областа, како што се: договорите за вработување, минималната плата, работното време, колективното договарање, правната рамка на откажување на договорите за вработување и други актуелни прашања, објаснува доц. д-р Александар Ристовски, кој е еден од основачите на Здружението за трудово и социјално право.

Организацијата на првата конференција на новото Здружение е поддржана од Меѓународната организација на трудот (МОТ), во рамките наодбележувањето на 100 години од основањето. Истовремено оваа активност на МОТ е дел од континуираните напори и активности за имплементација на меѓународните стандарди во областа на трудот и за следење на нивното спроведување.

 

 

 

 

„Целта на МОТ е да осигури дека напорите на Владата, работодавачите и работниците за поставување на стандарди за трудот, следење на нивното спроведување, јакнење на свеста, развивање на политики и изготвување програми се засноваат на потребите на работните жени и мажи. Истовремено, работиме на тоа на трите партнери во социјалниот дијалог да им овозможиме пристап до компаративни меѓународни искуства, како и до мислењата на домашните експерти од областа на трудовото и социјалното право, кои треба да бидат активно вклучени и консултирани во подготовката на новите законски решенија и во оваа област“, вели националниот координатор на МОТ во земјава, Емил Крстановски.

Поврзани новости