Калајџиев за „Фокус“: Добро е во тимот да биде републичкиот јавен обвинител и уште еден обвинител!

by fokus

Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев е еден од шесте професори кои се предложени од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да напишат нов закон за ЈО.

Калајџиев за „Фокус“ даде свој став за тоа, истакнувајќи дека ваквата идеја тој јавно ја застапува подолго време.

„Можам слободно да кажам дека оваа идеја е моја. Ние имавме пристоен текст и можам да кажам дека проблемот е вештачки. Покрај професори, добро е во тимот да биде и републичниот јавен обвинител и уште еден обвинител. Јавноста не треба да мисли дека носење на овој закон е нешто страшно, само лошо е што партиски се обојува“, истакна Калајџиев.

Ј.Ц.

Поврзани новости