Калајџиев: Со проширената конфискација ќе може да се одзема имот и без докажано кривично дело

by Fokus

„Проширена конфискација ви дава можност со помал степен на докажаност, наназад, до 5 години да одземете имот. Во тој дел новите одреби го релативизираат и тоа едно цврсто стојалиште, дека едно дело треба да е утврдено и докажано. Сега се вели ако има формални и правни пречки и тоа едно дело да се утврди, ќе може да се направи конфискација доколку не може да се докажа имотот“ рече професорот Гордан Калајџиев во „24 анализа“ на ТВ24.

Во врска со новите измени на Кривичниот законик, професорот истакна дека за спречување на кривични дела кај функционерите најголема ефикасност има конфискацијата.

„Јас го пофалив тој дел од измените, иако до крај не се слагам. Бидејќи не е лесно да ги најдете парите наназад, проширената конфискација ви дава можност со помал степен на докажаност да одземете имот“ рече Калајџиев.

Професорот рече дека ни со новите измени казните не се мали и додаде дека со намалувањето на годините за застарување ќе се мотивираат судиите и обвинителите да работат поефикасно.

Поврзани новости