Предметите кои ги води СЈО еден ден можат да паднат пред Судот за човекови права во Стразбур поради амнестија на претседателот Ѓорге Иванов, бидејќи во судот Иванов ќе го гледаат како претседател, без да знаат дека амнестијата беше незаконита. На ова сценарио предупредув професорot Гордан Калајџиев.
-Досега беше можно, но немаше мнозинство Ѓорге Иванов да одговара и политички и кривично. Со Уставот се уредени и едната и другата работа. Уште има време за тоа, дури и кога ќе му истече мандатот, бидејќи тогаш ќе отпаднат некои механизми што го штитат сега како претседател. Злоупотребата беше во тоа што тој де факто направи амнестија, а не помилувања. Помилувањата се предвидени за претседателот на државата како мали интервенции во случаи на индивидуална правда, а овде имавме групна амнестија што Уставот свесно, како и во други држави, ја дава на Собранието, како орган кој има мнозинство и сепак не е поединец, вели Калајџиев.
Тој вели дека поради ова и СЈО може да има проблем.
-Тука може утре да има проблеми и со постапките на СЈО, бидејќи кога имате помилување, правно, според ЗКП, тие предмети треба да се сопрат. А СЈО не ги сопре, очекувајќи политички притисок, вели Калајџиев.