Калајџиев: Нема пречка притворот да му се пресмета во казната, државата му должи денови на Јанакиески

by Fokus

Универзитеткиот професор Гордан Каалјџиев смета дека нема вистинска пречка притворите од различни постапки на осудениот поранешен министер за транспорт и врски Миле Јанакиески да му се засметаат во правосилна казна.

Јанакиески неделава беше спроведен во затворот „Идризово“ на оддржување на затворската казна за случајот Титаник, за кој Апелацискиот суд му ја намали казната на 3,5 години.  Тој во притвор и домашен притвор за различни постапки помина 4 години и осум месеци.

Тој објаснува дека судовите кај нас во принцип ги пресметуваат сите казни кога ќе завршат, кога ќе станат правосилни и определуваат една казна и таа во принцип е и помала од сите заедно.

„Ако случајот е комплексен решенијата ги бараме во правните принципи. Принципот на правичност бара фер компензација. Дали сега или потоа ќе мора да ги компенезира со слобода, така што нема пречка судот да го прифати барањето иако тоа не експлицитно пропиашно во законот“, појаснува Калајџиев.

Според професорот Калајџиев државата му должи денови на Јанакиевски.

„Тогаш најчесто прават и конечно пребивање на притворот. Тоа е пракса, но нема никаков проблем тој да побара пребивање на притворот и порано. Бидејќи, тоа се денови кои државата му ги определила зад решетки, а се уште бил слободен човек, само заради водење на постапка. На некој начин му ги должи“, изјави Калајџиев.

Одбраната на Јанакиески  се надева дека судот ќе го прифати барањето за пресмтување на притвоорот во казната за Титаник.

Јанакиески е обвинет во девет судски процеси, од кои два се правосилно завршени. Првиот е „Шамарите во центар“ за што доби условна пресуда, а во „Титаник“ доби затворска казна.

 

Поврзани новости