Калајџиев: Груби не можел да биде приведен при преминување на границата без судска одлука

by Fokus

власта и опозицијата бараат од Министерството за внатрешни работи да даде јасен одговор како е можно поранешниот вицепремиер Артан Груби да ја напушти Македонија и да замине во Косово.

МВР соопшти дека се преземени дисциплински мерки за двајца полициски службеници од граничниот премин „Долно Блаце“ во врска со преминувањето на Артан Груби на државната граница. Едниот, полицискиот службеник Б.Ј., според МВР, со своето несовесно работење не извршил адекватни проверки на патничкото возило „мерцедес“ со кое се превезувал Груби и не го евидентирал за остварување излез од државата.

Патниците од предметното возило, А.П. со дипломатска патна исправа како возач и А.Г. со македонска патна исправа како совозач, полицискиот службеник Б.Ј. ги завел дека пешки ја поминале границата.

Во меѓувреме, се огласи универзитетскиот професор Гордан Калајџиев, кој вели дека не било возможно Груби да биде уапсен на границата со Косово.

„Груби не можел да биде приведен при преминување на границата без судска одлука. Полициските мерки како “стоп листа” или распис се во спротивност со Уставот и ЗКП!“

Поврзани новости