На денешната владина седница биле донесени низа одлуки од кадровски карактер.
Како што објави ТВ 21, претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, од први август станува национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам.
Претседателката на политичката партија „Глас за Македонија“, Солза Грчева, ќе игра клучна улога во преустројувањето на високото образование. Таа е именувана на позицијата национален координатор за реформи на високото образование.
Од истата партија е и Наташа Котлар, за која е определена функцијата в.д. директор на Државниот архив. Котлар на последните локални избори не успеа да стане градоначалничка на Општина Центар.
Движењето Беса добива позиција на која досега беше кадар на ДУИ. Наместо Тахир Хани, кој е разрешен од должноста, нов заменик-генерален секретар на Владата на Мицкоски ќе биде Хасим Муртезани.