718
Францускиот претседател Емануел Макрон, по средбата со германскиот канцелар, Олаф Шолц, во Берлин, денеска изјави дека Франција и Германија нема да се откажат од дијалогот со Москва и во тој контекст за в петок најави дека ќе има телефонски разговор со неговиот руски колега Владимир Путин за украинската криза.
-Ќе имам телефонски разговор со претседателот Путин во петок наутро за да можеме заедно да ја разгледаме целата ситуација“, изјави Макрон во Берлин, по средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц.
Макрон денеска оцени дека цената ќе биде превисока доколку Русија одлучи да ја нападне Украина.
Елисејската палата вчера соопшти дека Макрон ќе му предложи на Путин „патоказ за смирување на украинската криза“.