Истакнатиот актер Митко С. Апостоловски почина денес на 67-годишна возраст, во неговиот роден град Битола.
Јавноста се простува со него на социјалните мрежи, и се објавуваат видеа со сцени од многуте филмски проекти во кои тој учествувал во изминатите децении. Но, покрај остварените филмски улоги, многуте улоги во популарни ТВ серии, како и театарски улоги, дел од јавноста се сеќава на Апостоловски и како на човекот кој беше главен протагонист во музичко видео, со кое Македонија за прв пат беше спомната во светски популарното музичко списание ,, Rolling Stone”.
Станува збор за видео запис од 2016 година на познатиот бенд ,,Faith no more” за песната ,,Cone of shame”, чиј режисер е Гоце Цветановски. Видеото е снимено во кафеана во Македонија, и истото се објави на интернет изданието на ,,Rolling stone”.
Песната е дел од албумот ,,Sol Invictus”, а од ,,Faith no more” тогаш изјавија дека иако можеби би им било многу полесно да снимаат во Америка, сепак кога дошле во Македонија почувствувале позитивни вибрации и знаеле дека имаат одлична локација. Три години подоцна, Македонија се спомнува во истото списание и во текст за документарниот филм ,,Медена земја”.
Вики Клинчарова