Како штедат Германците во време на криза

by Fokus

Високата инфлација значително го промени потрошувачкото однесување на луѓето во Германија, пренесуваат германските медиуми.

Според резултатите на компанијата за истражување на пазарот „GfK“, потрошувачите најмногу штедат на секојдневните намирници или производи за лична нега.

Кога станува збор за патување, летово нема да се штеди. Што се однесува до облеката, се претпочитаат поевтини производи, било наведено во истражувањето.

Ефектите од инфлацијата се особено видливи кај секојдневните производи како што се намирниците или производите за лична нега. Севкупно, во оваа област забележан е голем пад во месеците од јануари до мај.

Купени се 8,2 отсто помалку месо и сувомеснати производи, 8,5 отсто помалку свежо овошје и зеленчук и 7 отсто помалку пекарски производи“, откриваат истражувачите.

Поголема е веројатноста потрошувачите да почнат да користат специјални понуди. За 36 отсто од луѓето цената во моментов е најважниот критериум при донесување одлука за купување, пишува магазинот „Феникс“, а пренесува „Пословни дневник“.

Според истражувањето на „GfK“, додека производите за секојдневна употреба забележаа силен пад, туристичката индустрија се разви во спротивна насока.

Бројот на приватни резервации за патувања во тековната летна сезона е споредлив со пред пандемијата од 2019 година, а во некои случаи дури и надминат.

Според истражувачите на пазарот, потрошувачите купуваат поевтини производи во специјализирани продавници или преминуваат на други продажни канали со пониски цени.

Поврзани новости