За време на денешната дебата за францускиот предлог во Собранието, во вербален дуел со Димитар Апасиев влезе и Дарко Каевски од СДСМ.
-Димитар Апасиев – патриот на батерии. Рубља – фраер кој стана нервозен, па и сака да се тепа. Нервозен е зошто рубљите што ги добива не ја испонија улогата за која постојат. Нервозен е зашто не го исполни очекуваното сценарио. Сценарио што требаше да ја дестабилизира државата, да создаде анархија, хаос и уназадување, сценарио кое требаше да ги наруши меѓучовечките односи и тука во Собранието и надвор од него – рече Каевски.
Апасиев, пак, го нарече „Дарче – милијардерче“, кој, како што рече, на 20 години си стекнал милиони.
-Да го цитирам мојот сограѓанин Рацин – драпај си меот ти е муабетов. Читаш реплика напишана од центар за комуникации како типично соросписко платениче и цијашко побугарчено конте. Не знам на тие Фридрих Еберт Штифтунзи и обуки што ви прават, ама наместо брејн сторминг, брејн вошинг ви прават. Она што твојата партија го прави ќе ја донесе да паднете под 180 илјади гласа – рече Апасиев.