Како се кројат списоците со раководители и главни медицински сестри во здравството?

by Fokus

Иако, актуелниот министер за здравство Беким Сали не ги смени директорите на болниците и не постави свои кадри, сепак од неговиот кабинет се тера друга агенда, малку позната во јавноста.

А, слободно да се каже дека за првпат се случува или пак првпат се слуша за ваквата шема.

Уште пред два месеци, дел од директорите на болниците регираа во нашата редакција дека на состанок со министерот Сали  или пак со некој од неговиот тим им било наведено колку луѓе треба да се вработат и колку од нив мора да бидат Албанци.

Тоа на некој начин создаде револт кај повеќето од нив, тврдејќи дека им требаат квалитетни, а не партиски луѓе.

Доста ни е од тоа кој како стане министер, така да си тера своја агенда, да си ги вработат нивните луѓе, да си ги постават веќе вработените на раководни позиции, а здравството нека се распаѓа. Наместо да седнеме на маса и да видиме што може заеднички да се направи за да се подобрат работите, со оглед на тоа што немаме основни материјали за работа и сме претрупани со долгови, ние мора да ги исполниваме нивните коалициски договори“, вели револтиран директор, кој сакаше да остане анонимен.

Но, тука не завршува целата работа. Пред речиси два месеци во неколку болници стигнале списоци испратени до директорите, а според нашите информации тие биле испратени од министерството за здравство, поточно од шефот на кабинет на министерот Сали, Меритон Сивули, кој по професија е електроинжинер. Тој е впрочем и неговата десна рака.

Нашите извори тврдат дека списоците не се испратени како официјален документ, туку на некои од апликациите како „whatsapp“, преку кој била испратена порака и цел список со имиња и презимиња на вработени Албанци, кои требало да се стават на раководни позиции во дел од болниците, поточно како раководители на одделенија и главни сестри. Станува збор за веќе вработени внатре во болниците.

Многу низок е опфатот на Албанци на раководни позиции во болницата“, гласела една од пораките.

Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Ирена Мулачка

Поврзани новости