Шефот на железничката станица во грчкиот град Лариса, каде што загинаа најмалку 57 лица во судар на возови, на сослушувањето откако му беше одреден притвор изјави дека не дал наредба возот да оди нагорно кон Солун.
„Она што го паметам е дека дефинитивно не дадов наредба возот да оди нагорно до Солун“, наводно му рекол на истражителот 59-годишниот шеф на станицата на истражителот, непосредно пред да му биде одреден притвор за железничката несреќа што се случи во близина на градот Лариса, пренесува Прототема.
Според информациите, во врска со фаталниот клуч, кој наводно шефот на станицата заборавил да го сврти, поради што возот Интерсити 62 се судрил со комерцијалниот воз, обвинетиот тврдел дека не се сеќава и во основа не можел да одговори на прашањата на истражителите.
Весникот потсетува дека со договор на истражителите и обвинителот, на управителот на станицата му бил определен притвор во неделата вечерта, по маратонско сведочење од 7,5 часа.
„Со едногласно мислење на обвинителот и истражителот, на обвинетиот му е одреден притвор. Тоа беше очекувано поради важноста на случајот, неговата тежина и одговорност“, нагласи адвокатот на шефот на станицата, Стефанос Панкарцидис.