Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, реферираше на италијанскиот весник „Ла Верита“ на неговата прес конференција откако беше објавена аудио снимката за тендерот Македонска Навигација (М-НАВ). „Ла Верита“ е денеска во очи на јавноста откако објави видео снимка од случајот „Рекет“. Потсетуваме на изјавата на Рашковски каде дава краток коментар и за весникот кој објави сторија за аферата.
На прашање на новинарот од „Лидер“, Љупчо Златев, кој прашува дали земал провизија, Рашковски вели:
-Не знам дали сте свесни за последиците од тоа што го тврдите. Гледам дека денеска сте почнале и по италијанските медиуми да ја пласирате веста – рече Рашковски на прес конференцијата на 2 јули.
Инаку, видеото го објави Ларис Гајзер кој претходно ја објави и сторијата за Рашковски, под наслов „Скандал во Скопје, Тендер за „Леонардо“, циганите како нас“.