Како работат најголемите партии: Манипулации со чланарините и незаконско префрлање на пари

by fokus

Државниот завод за ревизија утврдил низа неправилности во работењето на партиите при извршената ревизија на финансиските извештаи на сметките за редовно работење на осум политички партии: ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, БЕСА, Алијанса за Албанците, ДПА, ГРОМ и ДНЕТ (Движење за национално единство на Турците).

Кај СДСМ, ДЗР утврдила дека за дел од градежните објекти, наследени од
правниот субјект претходник на партијата не e решен сопственичкиот статус и истите не се воведени во евиденција.

Исто така, средствата за членарина од секоја општинска организација во вкупен износ се уплатува директно на трансакциската сметка на партијата, поради што не се обезбедува целосен увид и потврдување во поединечно уплатените средства за членарина.

За ВМРО-ДПМНЕ е утврдено дека има забрана за привремено располагање со дел од имотот на политичката партија преку поведена постапка од 2018 година, која влијае на проценетата вредност на дел од недвижниот имот искажан во Билансот на состојба. Во деловните книги во 2020 година вредноста на имотот е зголемена за
пресметаната ревалоризација.

Кај ДУИ пак биле уплатени средства за членарина над законски дозволениот лимит; пописните
листи не содржат вредносни показатели, податок за локацијата на која се наоѓаат и не се обележани со инвентарни броеви и не е приложена соодветна поткрепувачка документација за дел од фактурите за кои се извршени расходи во текот на 2020 година.

Алијанса за Албанците незаконски префрлала пари од сметката за редовно работење од средствата обезбедени од Буџетот на РСМ на сметката за изборна кампања за предвремени избори за избор на пратеници во Собранието на РСМ, кој извор на финансирање за наведената изборна кампања не е дозволен со законот.

Исто така, евидентирањето на дел од деловните промени и трансакции се вршело без обезбедена комплетна документација.

ДПА пак не обезбедила уредна документација за располагање со паричните средства во готово и не извршила попис на паричните средствата со состојба на 31 декември.

К.С.Б.

Поврзани новости