Како одговор на царините на Трамп: Онтарио ја зголемува цената на струјата за американските домаќинства

by Fokus

Канадската покраина Онтарио денеска објави дека веднаш ја зголемува цената на електричната енергија за 25 проценти за американските домаќинства, како одговор на царините што неодамна ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп.

Премиерот на Онтарио, Даг Форд, најави дополнителна такса за извозот на електрична енергија, која ќе погоди околу 1,5 милиони американски домови и компании што Онтарио ги снабдува во Минесота, Мичиген и Њујорк.

– Ќе примениме максимален притисок за да го засилиме нашeto влијание, изјави Форд.

Според него, се проценува дека дополнителната наплата ќе изнесува до 400.000 канадски долари (околу 277.200 американски долари) дневно, додавајќи околу 100 канадски долари месечно на сметките на американските потрошувачи.

– Да бидам јасен, нема да се двоумам да ја зголемам оваа такса доколку биде потребно. Ако САД ја ескалираат ситуацијата, нема да се двоумам целосно да ја исклучам струјата, предупреди Форд.

Претседателот на САД неодамна започна трговска војна со соседите Мексико и Канада, воведувајќи 25-процентни царини на целиот увоз, но набрзо дел од мерките беа повлечени.

Поврзани новости