Луѓето се едни од многубројните видови на жив свет кои живеат на Земјата.За разлика од другите живи суштества, немаме можност на прилагодување на организмот во одредена околина како што птиците имаат долги нозе или поларните животни дебело крзно, но затоа живееме во организирани заедници кои активно влијаат на околината и се прилагодуваат на своите потреби.Затоа основниот биолошки механизам на прилагодување кој на човекот му овозможува преживување е културата.Таа ги опфаќа сите искуства, навики, знаења, духовни и материјални добра кои се собрале преку многу генерации низ вековите и милениумите.
Кои се знаците дека имунолошкиот не функционира најдобро?
Тешките имунолошки пореметувања ги препознаваме по тоа што системот не ја врши својата основна улога, а тоа е борбата против предизвикувачите на болестите.Човекот со пореметен имунолошки систем не е отпорен на заразни болести.Личноста со добар имунитет настинува неколку пати годишно, а добива и потешка заразна болест ако е изложена на инфекција.Сепак , личноста со здрав имунолошки систем се спротивставува на болеста и во релативно разумен рок(предвиден за секоја болест) и со предвидени “нормални потешкотии”.На пореметување на имунолошки систем ќе се сомневаме ако заразните болести се јавуваат многу почесто од вообичаеното.На пример, повеќе од десет тешки ангини или грипозни заболувања во годината или ако заразните болести имаат невообичаено тежок тек – ако од обична настинка се премине во воспаление на бели дробови или менингитис.Исто така на пореметување на имунолошкиот систем укажуваат болести кои ги предизвикуваат “безопасните” микроорганизми.Тоа пред се се микроорганизми кои се кај здравите луѓе присутни на кожата и слузокожата, каде не предизвикуваат никакви потешкотии.Кај личности со ослабен имунолошки систем дури и таквите “мирољубиви” микроорганизми можат да продрат во организмот и да предизвикаат тешко заболување.Тешките инфекции од поедини габи и паразити, кои кај здравите луѓе не предизвикуваат никакви болести, сигурно укажуваат на пореметување на системот.
Причинител на така тешки пореметувања кај децата најчесто се вродени, генетски пореметувања на имунолошкиот систем. Тие се манифестираат во првата година на животот: детето невообичаено често заболува од заразни болести (воспаление на бели дробови, менингитис , дијареа, сепса, воспаление на уринарни патишта ).Тешките пореметувања на имунолошкиот систем кај возрасните настануваат како последица на некои болести (леукемија , лимфома , канцер,сида) или лечење со лекови кои многу влијаат на имунолошките клетки (лечење на ракот со цитостатици и зрачење , лечење на автоимуни болести со цитостатици и кортикостероиди, сузбивање на имунолошките реакции после трансплантација).Таквите пореметувања потребно е што порано да се проценат со анализа на имунолошките клетки, а потоа интензиво да се лечат во болница.Во спротивно можат многу брзо да прераснат во болести кои се опасни по живот.
Бројните штетни влијанија – од еколошки до психички – сепак не предизвикуваат потполно рушење на имунолошкиот систем , иако поради нив имунолошкиот систем не дејствува на најдобар начин.Со време почнува погрешно да одговара на инфекции, се почесто има прикриени хронични болести, поподложен е на лоши заболувања, а понекогаш може и сам да ги предизвика(реакција на преосетливост).
Најважни показатели за пореметување на имунитетот
- Психичка состојба: потешкотии со концентрација и помнење, заборавеност, недостаток на интерес за животни предизвици
- Емоционална состојба: депресија, тага, преосетливост, нестабилност, претерано или прескапо хранење, желба за одредена храна, зависност од одредени храна или пијалок
- Енергија: ниска, нестабилни периоди со многу или малку енергија, хиперактивност
- Физичка состојба: нестабилни, краткотрајни периоди на снага и немоќ, зависност од одредена храна или пијалоци
- Варење: пореметување на варењето, гасови, опстипација, дијареа
- Мускули: слабост, болка, напнатост, чести повреди
- Зглобови: вкочанетост,болка
- Нокти: кршливи, расцветани со бели пруги
- Врат: вкочанет, болен при движење
- Уста: болни и расцепени усни и оштетена слузокожа, слабо чувство на вкус и мирис, крварења од непца, губиток на вкус, обложен јазик, напреднато пропаѓање на заби, отежнато џвакање, претерано или преслабо лачење на плунка, отежнато голтање на храна
- Носот: недостаток на мирис, отежнато дишење, затнат нос, секрет од нос и бол
- Уши: чешање, шум(без надворешни звукови), вртоглавица, одредени гласови кои се слушаат претерано гласно или се причинува дека доаѓаат од далеку
- Очи: замор, променет вид, чувство на печење, солзење, сува очна јаболчница
- Глава: болка, вртоглавица, болка при движење на очите
- Коса: изразито масна или сува, опаѓање
Како можеме да влијаме на нашиот имунолошки систем и отпорноста на болести
Безмислено е да очекуваме дека нашите имунолошки ќелии можеме свесно да ги организираме во чета и да ги пратиме на лов на предизвикувачите на туберкулоза, ХИВ вирусот или ќелиите на рак.Имунолошкиот систем има своја логика, свој јазик, свои правила, а се заедно е далеку од мисловни претстави кои ги создаваме во нашата свест. Сепак, ако го запознаеме имунолошкиот систем , ќе можеме да утврдиме дали истиот дејствува добро или пак барем примерно.Доколку тоа не е таков случај, треба да размислиме за причините кои ни го попречуваат неговото дејство.Можеби го спречуваме дејствувањето на имунолошкиот систем со неприкладен начин на живот, несоодветна исхрана и пиење, лесно земаме лекови, работење во тешки еколошки услови.Иимунолошкиот систем може да биде пореметен и поради хронични болести, инфекции, генетски пореметувања.Можеби сме залутале во огромни стресови, потиснати чувства, неразрешени приватни потешкотии, нечовечки односи, психосоматски пореметувања.Имунолошкиот систем во текот на еволуцијата има научено точно да го следи целиот организам и при секое пореметување кое би можело да значи болест го вклучува алармот.Во случај на пореметување кое упорно се повторува и обновува, а кое не можеме или не знаеме да го откриеме и санираме, имунолошкиот систем почнува погрешно да функционира и на крај предизвикува болест.
Во многу ситуации со откривање на причината за пореметувањето на дејството на имунолошкиот систем добиваме можност да го подобриме неговото дејство.Всушност, имунолошкиот систем по правило лошо дејствува заради пореметување кое е возможно да биде отстрането – неадекватна исхрана,стрес, нездрав начин на живот.Исклучок се ретки вродени болести.Ако пореметувањето го откриеме потребно е и да го отстраниме.Многу често остранувањето на пореметувањето не е потребно само заради доброто дејстување на имунолошкиот систем, туку и заради општото подобрување на психофизичкото здравје.Ако човекот живее во согласност со својата околина и од тоа црпи задоволство и енергија.Тоа од една страна недвосмислено позитивно влијае на имунолошкиот систем и неговата способност да се одбрани од микроорганизми- предизвикувачи на болести.Меѓутоа, човекот полн со задоволства и енергија подобро запазува, поодлучно управува со својот живот, избегнува стрес, не се препушта на пороци(пушење, алкохол,зависност од работа) и физички е поактивен.Сето тоа помага да ткивата и органите подобро работат, а тие поради тоа се помалку осетливи на дејствувањето на микроорганизмите.Поради тоа човекот со добрите животни навики и во добра психофизичка кондиција има појак имунолошки систем , а истовремено и помалку го оптеретува.
Во секој случај важи, дека само здравиот имунолошки систем може долгорочно да не заштитува од заразни и лоши заболувања.Ако лекувањето на причинителот кој го ослабува имунолошкиот систем е невозможно, некои функции на имунолошкиот систем можно е да ја надокнадат празнината со здравствени мерки – инјекции на антитела , превентивно земање на антибиотици, инјекции на имунохормони, а во краен случај пресадување на коскена срж.Ако нашиот имунолошки систем не дејстува оптимално многу повќе ќе внимаваме да не се изложуваме на можни инфекции, а ќе водиме и грижа и да не ги избереме животните навики кои додатно го ослабуваат.
Тања Турунџиева – нутриционист
Вита Диет Клуб Скопје
ПР текст