Во неодамнешниот извештај на Репортери без граници за слободата на медиумите, Грција беше рангирана на 108 место, со пад од 38 позиции во споредба со лани.
Затоа, портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому коментира дека во конкретниот извештај не се запазени двата принципи на научност и сериозност.
Тој преку писмо до Репортери без граници бара одговори, истакнувајќи дека квалитетот на еден извештај се оценува и според методологијата на истражувањето и документацијата на заклучоците.
„Тврдењето дека во земји како Буркина Фасо, Чад, каде што патем владее армијата, но и окупираната територија, која невладината Репортер без граници ја нарекува „Северен Кипар”, иако меѓународно не е призната, има, според нивниот извештај, поголема слобода на медиумите од Грција, освен што нема никаква сериозност, поставува разумни прашања за методологијата и изворите на авторите“, пишува Иконому.