518
Адвокатот Димитрија Цобоски по првото рочиште на судењето на Илија Спасески изјави дека е „политичка работа“ тоа што неговиот клиент е обвинет дека го нападнал охриѓанецот Христијан Пендиков на 19 јануари во Охрид врз национална основа, затоа што тој се изјаснува како Бугарин. „Не е точно“, вели адвокатот.
– Како може да биде напад од омраза кога неговиот татко спасуваше бугарски државјани во големата бродска несреќа? Тој е воспитан во дух секого да сака и најмалку да мрази кого било. Сега размислете дали може да биде омраза или на ова се дава еден политички акцент, призвук, кој се исполитизира до страшни граници што е особено штетно за целата постапка. Ова е чисто политичка работа“, кажа адвокатот Димитрија Цобоски.
Фото: Нова Македонија