Како ќе се игра баражот и кои се можни противници на Македонија?

by Fokus

Македонската фудбалска репрезентација на 26 ноември во 17 часот во Цирих ќе ги дознае противникот за баражот за СП 2022 во Катар.

За тоа ќе се игра нов модел на бараж и наместо двојки и натпревари дома-гости, селекциите ќе бидат поделени во три групи, со по четири репрезентации. Па така, ќе се игра по еден меч – полуфинале и финале, а трите репрезентации победници ќе одат на СП.

Првите полуфинални натпревари ќе се играат на терен на неносителите и дефинитивно Македонија ќе игра на гостински терен во првиот меч.

Засега не се потврдени официјално можните противници на Македонија на патот до СП, но тука фигурираат селекциите на Русија, Полска, Србија, Шведска, Велс и Швајцарија. Првите мечеви се играат на 24 и 25 март, а финалињата на 28 и 29 март идната година.

ФОТО – ФФМ

Поврзани новости