Дарко Кaевски, најмладиот милионер во СДСМ, на 30 години и со административна плата од Агенцијата за млади и спорт успева во иста година, 2020-та, да се стекне со нов стан во Скопје и да изгради луксузна куќа, хациенда во медитерански стил, со базени и сите удобности, во скопско Волково, истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Дарко Каевски три дена не кажува дали има документи за градба на луксузната вила, ниту пак кажува дали има одобрение за копање базен, ниту пак за рушење на стариот објект. Да потсетам, на имот на потесното семејство на младиот милионер и портпарол од СДСМ, Дарко Каевски, легализиран е објект, којшто во 2020-та година, според фотографии од Гугл е срушен, а на негово место никнува луксузна хациенда. И тука се две главни прашања: Дали Дарко Каевски има документ за градба издаден од општината тогаш водена од СДСМ? Како прашање за изворот на парите, како со административна плата гради луксузна хациенда и се купува стан од 65 квадрати во Скопје во иста година – праша Стоилковски.