Како изгледа Нотр Дам пет ипол години по страшниот пожар?

by Fokus

Светот денес има можност да ја види реставрираната париска катедрала Нотр Дам.

Пет и пол години по разорниот пожар во 2019 година, парискиот готски скапоцен камен е спасен и реновиран, нудејќи им на посетителите нешто што ветува дека ќе биде визуелно задоволство што го одзема здивот, јавува „Би-Би-Си“.

Францускиот претседател Емануел Макрон, придружуван од сопругата Брижит и парискиот надбискуп Лоран Улрих, ја започна програмата со обиколка на катедралата.

Реновирањето на Нотр Дам чинеше 700 милиони евра.

Реновираната внатрешност на Нотр Дам е строго чувана тајна и само неколку фотографии беа објавени во изминатите пет години за да се покаже напредокот на реновирањето.

На 15 април 2019 година, луѓето ширум светот можеа да гледаат во живо како пожарот ја зафати катедралата, кулминирајќи со уривање на делови од покривот.

Околу 600 пожарникари се бореа со пожарот цели 15 часа.

 

Поврзани новости