Како ги гледавте во очи знаејќи дека ги убивате, реагира д-р Беќароски за случајот на Онкологија

by Fokus

Случајот со злоупотреба и препродавање на скапата биолошка терапија на Клиниката за онкологија предизвика силни реакции и во стручната јавност.

Како можете да ги гледате во очи знаејќи дека ги убивате, јавно праша д-р Нико Беќароски од Клиниката за токсикологија.

-Секојдневно неколку пациенти од Онкологија, доаѓаат на ултрасонографски преглед во нашиот ехотомографски кабинет. Исплашени, многу често и исцрпени од болеста, со страв го следат секој мој поглед, како да сакаат да прочитаат дали нивниот наод е уреден. Секој пациент од Онкологија ме растревожува уште пред да ја земам сондата во рака. Се плашат тие, но се плашам и јас од тоа што ќе го видам. Секоја нивна зголемена жлезда, нова метастаза, секоја новооткриена течност во стомакот, ми го прави денот тажен, а толку често тоа се млади личности кои штотуку зачекориле во светот на возрасните. А некоја организирана група на монструми, затскриена во бели мантили им ги краде милиграмите кои живот значат. Како само можевте да ги гледате во очи, знаејќи дека ги убивате ???, објави д-р Беќароски на социјалните мрежи.

Поврзани новости