Како функционира индивидуалното членување во третиот столб?

by irena 17:09
17:09

Глобалното искуство покажува дека задолжителните пензиски фондови обезбедуваат понизок износ на пензија во споредба со последната плата што сте ја примале. Оваа разлика се нарекува „стапка на замена“ (replacement rate). Јазот меѓу последната плата, која најчесто е највисока, и пензијата што ја очекувате, бара планирање за да се избегне целиот тој шок во приходите. Доброволното пензиско осигурување е наједноставниот начин да се затвори тој јаз и за планирање постабилни приходи во пензија.

Како се станува член?

За да отворите доброволна индивидуална сметка, потребно е да склучите договор со пензиско друштво, кое управува со доброволен пензиски фонд. Член може да стане секое лице од 15 до 70 години, доколку не е веќе пензионер. Сава пензиско друштво, имајќи го предвид значењето на штедењето од најрана возраст, предлага и законски измени со кои би се укинала долната возраст за членство.

Во договорот може да биде вклучено и трето лице – уплатувач, кое би вршело уплати во ваше име. Уплатите ги правите кога сакате и колку сакате, без минимален износ, без пенали и без ограничувања, што го прави овој модел на штедење исклучително прилагодлив на вашите можности.

Контактот до агентите на пензиското друштво е едноставен. Може да се јавите на телефонскиот број 02/15-500 или да го напишете вашиот ЕМБГ на следниот линк (https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/savetnik/), со цел да го добиете името на вашиот личен пензиски советник. Информирајте се лично и направете го првиот чекор кон посигурна пензиска иднина.

Кога и како се користат средствата?

Секоја уплата се евидентира на вашата лична сметка водена на вашиот ЕМБГ. Средствата може да ги користите најрано на 52 години за жени и 54 години за мажи, а најдоцна на 70 години. Исплатите може да бидат еднократни или во повеќе рати, во зависност од вашите потреби. Во случај на смрт, целата акумулирана заштеда, заедно со приносот, е наследна.

Една од главните причини зошто да вложувате во третиот столб е приносот, односно „каматата“, која се остварува преку инвестициите на пензиското друштво. Тоа ги инвестира пензиските заштеди во различни хартии од вредност и остварениот принос го распоредува еднакво и пропорционално меѓу сите членови според висината на нивните уплати. Номиналниот принос на „Сава пензија плус“ е јавно достапен и може редовно да го следите на веб-страницата на друштвото, www.sava-penzisko.mk. За управувањето со средствата се наплаќаат два вида провизии: влезна провизија, која се пресметува еднаш, при секоја уплата, и месечна управувачка провизија од вкупната нето-вредност на вашите средства.

Повеќе информации за надоместоците што се наплаќаат кај Доброволниот пензиски фонд Сава пензија плус имате на веб-страницата на Сава пензиското друштво www.sava-penzisko.mk.

 

Приносот се следи преку растот на сметководствената единица (СЕ). Кога доброволниот фонд „Сава пензија плус“ почна со работа во 2009 година, една СЕ вредеше 100 денари. До ноември 2025 година, вредноста надмина 255 денари – повеќе од двојно зголемување за сите што штедат од самиот почеток. Со секоја нова уплата на вашата сметка се додаваат нови СЕ според нивната дневна вредност, а кога фондот остварува принос, сите членови ја чувствуваат користа.

Што се однесува до сигурноста на средствата, пензиското осигурување е еден од најрегулираните финансиски сегменти. Активностите на друштвата се следат секојдневно, со редовни контроли од МАПАС и надворешни ревизори. Речиси две децении, пензиските друштва работат на домашниот пазар и имаат фидуцијарна одговорност – да се грижат за средствата на членовите како за свои.

По првата уплата, еднаш годишно добивате извештај со детали за уплатите, состојбата на сметката и инвестициите. Истите информации се достапни и на мобилната апликација „Sava Penzisko Plan“.

Со малку дисциплина и навремен избор, доброволното пензиско осигурување станува наједноставниот начин да си обезбедите финансиска слобода и мирни пензиски денови.

Секоја уплата е чекор кон посигурна иднина. Текстот се однесува на индивидуално членство, а наскоро ќе биде објавен и текст за членство преку професионална пензиска шема.

Слични вести